До крајот на месецов ќе можеме да пиеме кафе на Милениумскиот крст!

krst.jpg

Кон крајот на месецов конечно граѓаните и посетителите на Скопје ќе може да уживаат во панорамскиот поглед на Милениумскиот крст во височина од 67 метри.

Ако дозволат временските услови, се очекува до крајот на месецот да бидат завршени градежните активности на Милениумскиот крст и тој да се стави во употреба за посетителите, вели првиот човек на ЈСП Игор Јанушев.

Посетителите ќе можат да одат до врвот на крстот со лифтот, а од врвот ќе можат да уживаат во прекрасниот панорамски поглед. Лифтот е набавен од француска фабрика која се рангира меѓу најдобрите три во светот во изработка на вакви лифтови целата инвестиција е во вредност од 70милиони денари. Билетот за возрасни и деца над 14 години ќе чини 50 денари, а возењето на деца од 6 до 14 години ќе чини 20 денари.

На врвот, посетителите освен што ќе уживаат во погледот ќе можат и да конзумираат храна. Освен возењето со лифтот, дел од турата предвидува и движење на посетителите по краците на крстот, во присуство на едно лице вработено на крстот кое ќе ги проследува.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail