Доаѓа најмоќниот сериски Toyota Yaris во историјата

b39c3b8d-2a42-4838-9c76-b7ada307b93f_790.png

Toyota ја претстави спортската верзија на моделот Yaris, која ќе блесне на првото рели од Светскиот шампионат во Монте Карло, а ќе има јавна премиера на салонот во Женева, во март.

Сеуште не е познато точното име на автомобилот, но најверојатно тоа ќе го вклучува зборот Gazoo, со кое се поврзуваат спортските случувања на Јапонците. Дали ќе биде така, ќе дозанеме во Монте Карло, каде автомобилот ќе биде претставен паралелно со новата WRC верзија на моделот, на 19 јануари.

Toyota ја користи базата од тркачкиот автомобил од сериите WRC и за својата стандардна изведба, а под хаубатана е истиот 1.6-литарски бензински мотор, кој сепак е прилагоден за употреба на јавни патишта. Јапонците ветуваат моќност од над 210 КС. Се разбира, се очекуваат спортска суспензија и подобрени сопирачки, а брендот ветува и други подобрувања кои во моментов остануваат во тајност.

Сите детали ќе станат јасни на 9 март, кога автомобилот ќе дебитира во Женева.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail