Доаѓа паметниот кревет– решение за еден од големите проблеми на секој пар

smartduvet-pametni-krevet.jpg

„Паметен“ кревет веројатно е желба на многу парови, а благодарение на модерната технологија, ете го и него во мноштвото на „паметни“ уреди

Ситуација која сигурно барем еднаш ја искусиле сите парови. Класична приказна за тоа како, од едната страна, „некој се поти и не може да спие“, додека на другата страна од креветот е „ладни и затоа, исто така, не може да се спие“.

Ултимативно решение, барем досега, не е пронајдено, бидејќи е невозможно да се најде компромис кој би го задоволил „несреќниот пар од креветот“. Сепак, живееме во време кога, благодарение на модерната технологија, добиваме одговори кои до неодамна изгледаа апсолутно невозможни. Така, имаме шанса да се запознаеме со паметниот кревет Smartduvet Breeze кој брзо и лесно ќе ја реши ситуацијата од сценариото на почетокот.

Станува збор за првиот кревет кој ќе ви понуди можност за т.н. „двојна зона“ за контрола на температурата, нешто слично како она што со години го имаме кога станува збор за климатизација во моторните возила, со која може да се контролира температурата во делот на предните и задните седишта засебно.

Токму на овој принцип работи и Smartduvet Breeze, кој со помош на апликација обезбедува прилагодување на температурата на секоја половина од креветот одделно.

Со апликацијата пристигнува и „контролна кутија“, која се става под креветот, а која е всушност мозокот на приказната. И покрај тоа што би можело да звучи невозможно и неприменливо, авторите на „паметниот“ кревет гарантираат дека со нивниот производ ќе заборавите на сите проблеми „во креветот“, барем кога станува збор за несогласувањата околу температурата.

Smartduvet ќе ви се допадне и затоа што може сам да се намести, што не е неважно, кога станува збор за функционалноста. Startup фирма од канадскиот Монтреал на Indiegogo започна кампања, која 24 дена пред истекот неколку пати го натфрлила саканиот износ од 20.000 американски долари, а досега има собрано 130.000 американски долари. Се очекува дека првите единици на паметни легла, откако ќе се направат сите финални тестирања и контрола на квалитетот, до купувачите треба да бидат доставени во текот на есента, односно во септември.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail