Добитничка на милион фунти: Парите ми го уништија животот

gejn-parks.jpg

Најмладата британска добитничка на џекпот на „Еуромилионс“ Џејн Паркс одлучи да ја тужи лотаријата бидејќи освоената награда и го уништила животот.

Паркс на 17 години доби еден милион фунти, но сега жали поради тоа. Четири години подоцна таа призна дека статусот на милионер и предизвикал неверојатен стрес и оти понекогаш жали што играла лото.

– На лицата помлади од 18 години не треба да им биде дозволено да играат лото. Понекогаш ми се чини дека тоа ми го уништи животот. Затоа ќе ги тужам сопствениците на „Еуромилионс“, посочи Паркс.

Таа тврди дека мислела оти парите ќе и го олеснат животот, но се случило спротивното.

– Воглавно би сакала да немам пари. Мојот живот би бил многу полесен и поедноставен ако не победев. Луѓето ме гледаат и мислат – Сакам да го живеам нејзиниот живот. ги сакам нејзините пари, но не сфаќаат дека живеам под стрес. Имам материјални добра, но мојот живот е празен. Која е целта на мојот живот, наведе Паркс.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail