Добитничката на Нобелова награда за мир: “Од смртта на милиони нè дели само еден мал излив на бес”

nobelova-nagrada-za-mir.jpeg

На Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје – “ICAN”, вчера во Осло и официјално и била доделена Нобеловата награда за мир, а директорката на “ICAN”, Беатриз Фин, предупредила дека “момент на паника” би можел да доведе до уништување на градови и смрт на милиони цивили поради употреба на нуклеарно оружје.

Примајќи ја наградата на церемонијата во Осло, Фин рекла дека ризикот од употреба на такво оружје “денес е поголем отколку за време на Студената војна”.

Според нејзините зборови, светот се соочува со нуклеарна криза поради “повредено его”.

“Смртта на милиони можеби е оддалечена на само еден мал излив на бес. Имаме избор, крај за нуклеарното оружје, или крај за нас”, рекла Фин.

Главната активистка на “ICAN”, Сецуко Тарлоу, која заедно со Фин ја примила наградата, зборувала за својата борба да го прежиее нападот на атомската бомба на Хирошима и за целта на нејзината организација да се постигне меѓународен договор за забрана на нуклеарното оружје.

Тарлоу, која имала само 13 години кога атомската бомба била фрлена на Хирошима, раскажала дека по експлозијата останала под урнатините на училиштето, но дека успеала да ја види светлината и безбедно да се извлече.

“Нашата светлина денес е договор за забрана на нуклеарното оружје”, рекла Тарлоу.

Договорот го потпишале 56 земји, од кои ниедна не е нуклеарна сила, а го ратификувале само три земји.

За договорот да стане важечки, потребно е да го ратификуваат 50 држави.

На почетокот на октомври било објавено дека “ICAN” ја добиле Нобеловата награда за мир за 10-годишната кампања да се забрани атомското оружје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail