12032013093144_cigari.jpg

Вработените во Агенција за вработување во англискиот град Свиндон добиле четири дополнителни дена за годишен одмор под услов да не пушат на работа.

Агенцијата „KCJ Training & Employment Solutions“ од Свиндон сака да ги награди работниците кои не пушат, место да ги казни пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден ја вовел оваа мерка, иако и самиот е пушач.

-Ја донесоа и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата, рече тој.

„Никого не десикриминирам“, рече тој и додаде дека нема ништо против паузите за пушење, нити работниците ги тера да престанат со таа навика .

-Меѓутоа, ајде да кажеме дека секој од нив прави по три паузи за пушење дневно. Тоа е еквивалент на 16 работни дена и два часа годишно доколку работниот ден трае осум часа, ја појасни Брајден својата идеја.

извор: Курир.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail