Добра вест – Во 2016-та не избувнала ниедна нова војна во светот

gardisti.jpg

Во 2016 година е првата година во само неколкуте во која не избувнала ниедна нова војна или нов вооружен судир, и покрај триесетината кои и натаму се водат ширум светот, покажува резултатот од истражувањето објавено во средата во Германија.

На Блискиот исток и во југоисточна Азија и натаму траат дванаесет оружени конфликти, во Африка има десет судири, а во Азија има осум, објави AKUF, истражувачка група при универзитетот во Хамбург којашто се занимава со судирите во светот.

Во моментов нема судири во Латинска Америка и во Европа. Годинава, пак, најмногу жртви има во граѓанската војна во Сирија, којашто ги надмина границите на земјата и се претвори во регионален судир кој го потресува светот.

Истражувачите нагласуваат и дека во текот на годинава што изминува викендов, неколку конфликти се смириле.

Особено се истакнува оној во Колумбија кој беше најдолгиот на западната хемисфера, 52-годишниот вооружен конфликт во кој загинале најмалку 260.000 луѓе, над 60.000 се водат како исчезнати, а 6,9 милиони лица се раселени, откако минатиот месец тамошната влада потпиша мировен договор со герилското движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC). За ова постигнување колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја доби Нобеловата награда за мир.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail