Добра вест за корисниците на „Windows 7“, сепак ќе добијат ново ажурирање

uploads_thumbs_resize_800x420_406818.jpg

Пропустот кој е направен со последното ажурирање „KB4534310 “ доведе до тоа одредени „Windows 7“ позадини ( оние во „стреч“ мод) да бидат заменети со обична црна слика.

Едно од решенијата е просто да престане да се користи „Стреч“ опцијата, но Мајкрософт рече дека проблемот ќе биде поправен за оние кои купиле „Windows 7 Extended Security Updates“.

Со други зборови, решението треба да биде достапно за оние кои плаќаат додатна поддршка.

Имаше и некои „теории на заговор“ според кои Мајкрософт на овој начин ги казнува сите оние кои не сакаат од „Windows 7“ да прејдат на „Windows 10“, пишува „Tech Radar“.

Во секој случај, сепак од Мајкрософт решиле дека ажурирањето ќе го добијат сите корисници а не само оние кои плаќаат додатен пакет за ажурирања.

извор: канал5

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail