Добра заинтересираност во првиот ден од првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“.

bdc461eaf996b173ad0fb6c6f846ce76_XL.jpg

Според првичните информации само во првиот ден се пријавени од 500 до 600 кандидати за упис на факултетите на УГД.

Уписите се започнати денеска, а ќе траат до понеделник (3 септември), а според Конкурсот има 5037 слободни места на 12 факултети и 3 академии.

  • На првиот ден од уписите има повеќе од 500 до 600 заинтересирани кандидати. Тоа е според очекувањата на Универзитетот. Ако се прават некои ранг-листи за интерес, на Факултетот за медицински науки има најголем интерес за студирање, но и кај сите факултети постои интерес – рече проректорот на УГД проф. д-р Кирил Барбареев.

Проректорот потсети дека Универзитетот оваа година на најдобро рангираните средношколци им доделува голем број стипендии.

  • Оваа година доделуваме преку 130 стипендии на најдобро рангираните средношколци. Во текот на наредните денови сите кандидати ќе ги добиваат информациите на веб сајтот на УГД и преку нашите служби. Отприлика бројката на кандидати е слична со онаа од лани – изјави проректорот Барбареев.

И оваа година има интерес од странски студенти. Преку 100 студенти од странство треба да станат дел од УГД. Најголем дел од нив се од Турција, но има интерес и од Грција, Србија и од Бугарија. Уписите продолжуваат до крајот на оваа недела и во понеделник. Конкурсот може да се најде на веб сајтот на Универзитетот, а сите кандидати резултатите и прелиминарните рангирања можат да ги најдат исто така на веб-страницата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top