Доделени наградите на 21.Ораторска вечер „Иво Пухан“

nagradi.jpg

Студентот на трета година политички студии Амар Мециновиќ ја освои првата награда на 21. Ораторска вечер „Иво Пухан“ што вечерва се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На студентскиот натпревар меѓу 12 финалисти тој победи со говорот „Acta non verba“.

Според одлуката на стручното жири, второ место на натпреварот освои Маријана Китановска, трета година правни студии – за говорот „За Матка, за Данска и сонот во една магла“, а третонаграден беше Кристијан Пејиќ, исто така трета година правни студии, за говорот „Безизлез“.

Специјална награда „Бранко Ѓорчев“ за најдобар сценски настап доби Филип Дракалски, прва година на Медицинскиот факултет, за говорот „Зошто заминуваме од себеси?“

Наградите се парични и ги доделува спонзорот на натпреварот „Еуролинк“. За годинашниот натпревар беа пријавени 21 кандидат, а 12-те финалисти беа избрани на полуфинална вечер.

Ораторската вечер „Иво Пухан“ се одржа во рамки на Деновите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail