Доделени наградите на Велес за најдобар студент и најдобри службеници

veles.jpg

Општина Велес на предновогодишна свеченост ги врачи наградите на најдобрите во неколку категории и ги додели своите стипендии, десет за средношколци и девет за студенти.

Наградата „Проф д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за најстудент и беше доделена на Надица Шкрекова од Медицинскиот факултет при УКИМ Скопје чиј просек е 9,92.

По неколку години, повторно е врачена наградата на најдобрите административни службеници на Општината: Љупче Андреевски, Снежана Дервишова и Наташа Калешова, но изостанаа традицоналните награди за најдобар полицаец и најдобар пожарникар.

Првпат беше доделена наградата за континуирана хуманост и помош на граѓаните, а ја доби пензионерот Тодор Митушевски. Тој повеќе од десет години секој месец издвојувал по 500 денари за помош на корисниците на Општинскиот Црвен крст од Велес.

Во своето новогодишно обраќање, градоначаликот Аце Коцевски потсети дека наследил долг од речиси три милиони евра поради што одлучил радикално да се штеди. Затоа, рече, прославата е скромна, како и украсувањето на велешките улици и парковите.

За само неколку месеци, информира Коцевски, со штедење е вратен долг од преку 800.000 евра. ад/мч/20:16

Предновогодишната свеченост беше збогатена со музичко сценски настап на децата од КДУ „Димче и Мирчев“ и изведба на популарни арии на клавир,виолина,кларинет и класична гитара на ученици од Музичкото училиште „Стефан Гајдов“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail