ДОДЕЛЕНИ ТРИ НОВИ СТИПЕНДИИ ОД ЕВН МАКЕДОНИЈА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКЛО

uklo.jpg

Програма за унапредување на улогата на науката

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО), ја продолжува соработката со бизнис окружувањето како претпознатлив елемент во неговото функционирање.

Така, како резултат на успешната соработка која е воспоставена помеѓу УКЛО и ЕВН Македонија а која се реалзира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, за студентите од Електротехничкиот отсек при Техниччкиот факултет-Битола, ЕВН Македонија додели 3 нови стипендии за академската 2020-2021 година, со што, уште еднаш се потврди квалитетот на кадрите кои се продуцирани од нашиот универзитет.

Ваквата успешна соработка со оваа реномирана компанија, воспоставена е уште во 2011-та година со потпишувањето на Меморандум за соработка, а од академската 2011/2012 година започнува и процесот на стипендирање на студенти на нашиот универзитет.

На ваков начин, УКЛО во соработка со бизнис заедницата, ги мотивира студентите за постигнување на повисоки резултати и им отвора можност за нивно професионално надoградување. Во рамките на оваа активност е и реализацијата на  практикантска работа, што им овозможува на студентите поблиску да се запознаат со работата на компанијата.

Практиката на доделување стипендии од бизнис заедницата за студентите на УКЛО, се реализира како резултат на секојдневниот ангажман на воспоствување на нови и продлабочување на постојните контакти со бизнис и не бизнис заедницата во нашето општество а при тоа препознавајќи го квалитетот.

Извор: УКЛО

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail