Доделување награди од годинешниот литературен проект „Творам за Македонија“

timthumb-1-2.jpg

Фондацијата „Никола Кљусев” денеска напладне ќе ги додели наградите од проектот „Творам за Македонија” наменет за основци и средношколци кој со поддршка на Министерството за култура го организира петта година.

Целта на проектот е да го поттикне творештвото, убавото изразување, креативноста и натпреварувачкиот дух на учениците од основните и од средните училишта во Македонија. Годинава тие пишуваа на темата „За тебе пеам, за тебе пишувам”.

– Жирито беше доведено пред сериозен предизвик да ги избере првите меѓу најдобрите и одлучи да награди по пет најдобри творби од основните и средните училишта, соопшти Фондацијата.

Покрај дипломи и комплет книги, наградените ќе добијат и стипендии за школување: учениците од основните училишта добиваат стипендии за Приватното средно училиште САБА, а наградените средношколци добиват ваучер со 25 проценти попуст за студирање на Универзитетот „Американ колеџ“-Скопје.

Во изминатите четири години учениците составуваа стихови и прозни творби  за татковината на темите: „Моето име, тоа сум јас“; „Јас и мојот град“; „Мојот јазик, тоа сум јас“ и „Мојата иднина ја создавам јас“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail