IMG_2672.jpg

Во Ректоратот на Универзитетот во Сараево на 7 февруари 2019 година со пригодна свеченост се потпиша Договорот за билатерална меѓууниверзитетска соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и Универзитетот во Сараево. Договорот го потпишаа ректорите: проф.д-р Сашо Коруновски и проф. д-р Рифат Шкријељ.
Овој документ предвидува промовирање на академската, образовната и културната соработка помеѓу двете високообразовни установи.Во рамките на потпишаниот договор ќе се развива и институционална соработка низ различни форми како што се размена на наставнички, истражувачки и други кадри , студенти, посети, размена на искуства, предавања; заеднички вмрежувања, аплицирања и учества во европски и други образовни и научно-истражувачки фондови; активности за организирање заеднички обуки, истражувања, конфренции, симпозиуми, летни школи, семинари, работилници; како и размена на стручна литература, учебници и други универзитетески публикации. Потписниците изразија задоволство од чинот на потпишувањето и заклучија дека има многу области за соработка од заеднички интерес.

Позитивни искуства веќе се нотираат во повеќегодишната соработка помеѓу две членки – Факултетот за безбедност при УКЛО и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при УНИ СА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail