1-1.jpg

На 4 Јули 2019 година делегација од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, предводена од Деканот проф. д-р Лазо Пендовски, продеканот за наука и меѓународна соработка проф. д-р Зехра Х. Муслиу и раководителот на Институтот за храна проф. д-р Деан Јанкулоски, остварија посета на Факултетот за земјоделство и ветеринарство од Универзитетот во Приштина, каде е потпишан билатерален договор за соработка во областа на едукацијата и науката помеѓу двете институции.

Договорот опфаќа студиски престој на наставен кадар, мобилност на студенти, размена на научен кадар за изведување на истражувања и консултации, тренинг на млад научен кадар, организирање на заеднички семинари, работилници и летни школи, подржување на капацитетите за публицирање на научни трудови и др.

Потпишувањето на договорот е потврда за блиската соработка која постои помеѓу Факултетите во изминатите години, која добива се поголем интензитет и се продлабочува во полето на наставата и науката, овозможувајќи јакнење и подигнување на капацитетите на двата Факултета

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail