c07840dfb49b538a22080ef505c6a8d9_XL.jpg

УГД и Универзитетот од Дубаи денес потпишаа договор за соработка. Договорот се однесува особено на соработка меѓу правните факултети на двата универзитети и ова ќе значи бенефит во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“.

  • Ова е значајна соработка во рамките на размената на професори и студенти, а особено во интернационализацијата на Универзитетот Гоце Делчев надвор од границите на Европа. Многу е важно да ги прошириме нашите видици со земји надвор од овој регион, а кои се исклучително важни во она што се случува денеска во развиениот свет и мислиме дека тоа е подрачје кое важно за образованието и економијата, но и за новите технологии, изјави ректорот на УГД проф. Д-р Блажо Боев.

Претставници од Универзитетот во Дубаи денес беа присутни на научната конференција која беше во организација на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail