Докажано делуваат: 10 навики со кои ќе го победите утринскиот стрес

jutro-budjenje.jpg

Многу работи влијаат на тоа како ќе се чувствуваме после будењето, а со навиките кои ги подготвивме за вас гарантирано секое утро ќе ви биде поубаво и позитивно ќе влијае на остатокот од денот.

1. Од вечер подгответе ги потребните работи за утрото пред вас. Потребни ви се сигурно 10 минути, подгответе ја облеката која имате намера да ја носите утре, на едно место ставете ги клучевите од автомобилот и станот, чантата, паричникот и се останато што вие потребно да излезете од дома. На овој начин ќе имате многу помалку грижи.

2. Немојте да спиете со затворени ролетни. Дозволете утринското светло да влезе во вашата спална соба затоа што тоа е природен будилник. Мрачното опкружување поттикнува чувство на замор, лошо расположение и ве тера на спиење.

3. Слушајте  музика. Веднаш по будењето, вклучете го радиото или својата плеј- листа на мобилниот телефон. Омилената музика ќе ви го олесни расонувањето.

4. Не го притиснувајте копчето”snooze”. Кога алармот од вашиот мобилен телефон ќе ве разбуди, немојте да го притиснувате копчето “Snooze” и да го одложувате будењето. Имено научниците докажаа дека од оваа навика на крајот ќе се разбудите во полошо располошение и поуморни. Затоа секогаш станувајте по првиот аларм.

5. Мотивирајте со “алармот”. Наместо стандардните фабрички мелодии, за звучниот аларм наутро, одберете ја вашата омилена песна на која никогаш не може да и одолеете, па дури и кога сте најизморени. Таа автоматски ќе го подобри вашето расположение.

6. Растегнете се веднаш по будењето. Наместо инстантното станување и варење кафе, прво растегнете се. Науката вели дека таканаречената поза на моќта за растегнување влијае на нашето расположение.

7. Не го прескокнувајте појадокот. Десет минути утринска навика, посветете време на појадокот, кој ќе ви помогне да добиете енергија за да го започнете денот. Плус ако сакате да изгубите од тежината, пробајте бурито со јајца, одличен појадок, со кој ќе почнете да губите од тежината.

8. Истуширајте се. Одењето под топол туш гарантирано ќе ве разбуди. Личностите кои имаат масна кожа, посебно е добро да ја имаат оваа навика, утринското туширање ќе им помогне, затоа што во текот на ноќта маснотијата која се насобрала во порите, туширањето наутро истите ќе ги исчисти.

9. Одете во кревет еден час порано. Можеби нема веднаш да заспиете, но на организмот ќе му дадете знак дека е време за заслужен одмор. Телото најпосле ќе ви биде одморено и после некое време полесно ќе се разбуди и ќе биде попродуктивно во текот на утринските часови.

10. Поиграјте се со вашето домашно милениче. Ако вашето домашно милениче наутро неможе да се одвои од вас, не го игнорирајте затоа што докажно е дека неколку минути дружење си миленичето позитивно ќе влијае на вашето расположение.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail