Докажана автентичноста на свитоците во кои за првпат се спомнува Христос

svitici.jpg

Физичарите од британскиот Универзитет Суреја ја докажаа автентичноста на 2 илјади години старите метални свитоци,
кои беа пронајдени во 2008 година во една од пештерите во Јорданија. Во оваа книга на која се наоѓа ликот Христос, се опишува Божјото јавување коешто се случило за време на молитвата на Исус во Соломоновиот храм. 

Уникатниот историски артефакт претставува неколку листови од олово кои се поврзани со жица. Во текстот, врежан на металната површина, се зборува дека Христовото учење не е нова религија, туку преродба на древната јудејска религиозна традиција. Исто така, на страниците на древната книга се спомнуваат имињата на Апостолите Јован, Петар и Јаков. 

Речиси 8 години истражувачите не беа во можност да ја потврдат автентичноста на книгата; долго време се сметало дека таа е лажна. Пресврт во однос на ова прашање направија британските физичари Крис Џејнес и Роџер Веб кои ја спроведоа хемиската анализа на наодите. 

Тие утврдија дека составот на легурата врз основа на оловото од коешто е направена книгата, е идентичен на составот на древно римската оловна плоча. Според зборовите на научниците, изотопните анализи ја исклучуваат можноста дека оваа плоча би можела да биде направена во XX – XXI век. 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail