Докажано: Посната храна спречува инфаркт и рак!

post-jabolkaaa.jpg

Доколку сметате дека воздржувањето од мрсна храна извесно време е безсмислено и непотребно и дека луѓето кои постат се религиозни фанатици, грешите!

Доколку сметате дека воздржувањето од мрсна храна, од месо и млечни производи извесен период е безсмислено и непотребно и дека луѓето кои постат се религиозни фанатици, грешите!

Новото истражување спроведено во 10 држави низ Европа каде учествувале повеќе од милион луѓе, укажува на влијанието на прехранбените навики врз човечкото здравје. Авторите на студијата нагласиле дека луѓето кои барем повремено не јадат производи од животинско потекло генерално водат поздрав начин на живот, бидејќи се повеќе физички активни, помалку дебели и помалку пушат.

Докажано е дека производите како сланина, шунка, колбаси и плескавици придонесуваат за предвремена смрт, додека намалениот внес на црвено месо, но и на млеко и млечни производи се смета дека позитивно влијае на здравјето поради изворот на витамини и останатите хранливи материи. Научниците нагласиле дека редовната консумација на месни преработки го зголемува и ризикот од предвремена смрт од карцином и кардиоваскуларни болести, а со повременото укинување на внесот на овие производи се намалуза за минимум три отсто.

Нутриционистите објаснуваат дека со умереното консумирање на месо и со повремените постови не доаѓа до ризик од развој на споменатите болести.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail