Доколку се венчате на овој остров од локалните власти подарок 3.000 евра

Dokolku-se-venchate-na-ovoj-ostrov-od-lokalnite-vlasti-podarok-3.000-evra.jpg

Доколку се венчате на овој остров од локалните власти подарок 3.000 евра

Сицилијанските власти одлучија да дадат по 3.000 евра на секоја двојка што ќе одлучи да се венча во Сицилија, пишуваат италијанските медиуми.

Локалните власти издвоија 3,5 милиони евра за таа цел, а понудата важи до 31 јули следната година.

Сицилија со своите барокни палати и вили, средновековните цркви и прекрасната природа е привлечно место за церемонии.

Најпознатата свадба изведена на овој италијански остров е венчавката од филмот „Кум“, кога син на мафијашки кум се ожени со локална убавица.

Оваа филмска венчавка ја лансираше Сицилија како едно од најценетите места за свадбени церемонии и го охрабри формирањето на голем број мали семејни компании кои се занимаваат со подготовка и организација на свадбени церемонии.

До пандемијата од ковид-19 на Сицилија, најчесто се венчаа парови од Америка и Јапонија, но карантинот речиси целосно ја укина активноста што носела годишен приход од 50 милиони евра.

Последиците од кризата не влијаат само на компаниите што организираат свадби, туку и на активности поврзани со тоа, како што се угостителски објекти, фотографски услуги, келнери, хотели, печатници, а со загуба се и местата изнајмени за свадби, не само убави сицилијански барокни вили и палати, туку и музеи, манастири…

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail