Докторите ќе можат да предвидат срцев удар

srcev-udar.jpg

Со нова метода на анализа на снимки направени преку компјутерска томографија, возможно е да се предвиди на кои пациенти им се заканува срцев удар и тоа неколку години пред тоа навистина да се случи.

Оваа технологија ја развија научници од Оксофорд во соработка со установи во Германија и САД, користејќи се со алгоритами за да ги проучат мастите кои се собираат околу коронарните артерии прикажани на снимки на срцето направени преку томографија.

Мастите се менуваат кога артериите се воспалуваат и тоа може да послужи како рано предупредување во 30 отсто од случаите со срцев удар.

„Ако можете да идентификувате воспаление на артериите на срцето, тогаш можете да кажете која артерија ќе предизвика срцев удар“, вели оксфордскиот професор Караламбос Антониадес.

Со новата технологијата тоа е возможно доколку се анализираат снимките од томографијата.

Докторите ќе можат да предвидат кои артерии се загрозени

Поголемиот дел од срцевите удари се предизвикани поради собирање на масти во внатрешноста на артериите, а тоа е нешто што ја намалува ефикасноста на вените, односно го намалува дотокот на крвта во срцето.

Засега снимките од томографијата им покажуваа на докторите само на кое место артеријата е веќе загрозена поради собирање на масти, но со новата технологија докторите ќе можат да предвидат кои артерии се загрозени поради напнатост.

„Можеме да кажеме – артериите ви се воспалени и може да дојде до појава на срцев удар во рок од пет години. Затоа можеби веќе од денеска треба да почнете со превентивни мерки за да спречите формирање на масни наслаги“, вели споменатиот доктор од Оксфорд.

Срцевите и мозочните удари се двата најчести причинители за смрт во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail