Документарниот филм „Каде припаѓаме?“, номиниран за „Кристална мечка“ на ланскиот филмски фестивал Берлиналево домашните кина

Cronofobia_FB_Cover-naskoro.jpg

Документарниот филм „Каде припаѓаме?“, номиниран за „Кристална мечка“ на ланскиот филмски фестивал Берлиналево домашните кина

Поетскиот и интензивен документарен филм „Каде припаѓаме?“, кој ни прикажува како младите се борат со разделбата на нивните родители, вечерва од 21.00 часот се прикажува премиерно во Кинотека. Швајцарскиот документарец на режисерката Жаклин Цинд минатата година беше номиниран за „Кристална мечка“ на филмскиот фестивал Берлинале во програмата Generation Kplus, програма наменета за филмови за деца. 

Родителите се разделуваат, семејството се распаѓа. Од она што некогаш било едно сега произлегуваат два одвоени светови. Децата сега живеат меѓу два дома, во постојана транзиција. Филмот се обидува да ни ја приближи детската реалност и се фокусира на тоа колку децата се кревки, но истовремено и колку храбро, паметно и со смеа ја перципираат нивната состојба.

Филмот е добитник на Young Eyes наградата на Документарниот фестивал во Лајпциг. Минатата година беше прикажан и на програмата на Филмскиот фестивал во Локарно, на Меѓународниот Филмски фестивал IDFA во Амстердам, Фестивалот во Сао Паоло и на уште повеќе од 10 фестивали низ светот. 

Дистрибутер за нашата земја е Узенгија, а дистрибуцијата е поддржана од Swiss Films. 

Повелете линк до трејлерот на филмот: https://www.youtube.com/watch?v=-guEpxT_SLE

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail