Документарниот филм „STUDaNTS“ на Тамара Котевска награден во Тирана

student.jpg

Документарниот филм „STUDaNTS“ на Тамара Котевска, која дипломираше на Катедрата за филмска и ТВ-режија во класата на проф. Антонио Митриќески, ја доби  наградата „Бест Балкан филм“ во официјална конкуренција на Интернационалниот фестивал за документарен филм во Тирана.

Филмот е дипломски филм во продукција на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, сценариото и режијата се на Тамара Котевска, монтажата е на Сандра Ѓоргиева и Андреј Ристески, извршен продуцент е Ирина Лазарова.

– Тамара Котевска го има снимано филмот како студент, во текот на програмата Work & Travel во Масачусец, САД, во кој протагонисти се уште и Марија Гелмановска и Ирина Цонеска. Филмот „ STUDaNTS “ го компарира животот на студентите кои преку Work & Travel програмата одат во САД и мравките кои мигрираат во поголемо гнездо, а оваа компарација е доловена преку автентична нарација преземена од 10-ина документарци за мравки и преиграна со гласот на Мартин Манев, информира ФДУ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail