Долготрајното земање на антибиотици може да предизвика рак

antibiotik.jpg

Научниците откриле дека долготрајната употреба на антибиотици го зголемува ризикот од појава на полипи во цревата – мали израстоци кои може да малигнизираат.

Поризично е ако антибиотиците се земаат во четириесетите и педесетите години од животот, отколку во дваесетите и триесетите, се наведува во истражувањето објавено во списанието „Gut“.

Овие резултати воедно се уште една потврда на теоријата дека цревните бактерии  може да играат клучна улога во заштитат од карцином.

Американските научници го следеле здравјето на  повеќе од 120.000 медицински сестри, на возраст меѓу 30 и 55 години, кои биле дел од студијата за здрајето на медицинските сестри, започнат во 1976 година.

Во периодот помеѓу 2004 и 2010 им биле дијагонстицирани 1.194 абнормални израстоци во дебелото црево и ректумот.

Оние кои земале антибиотици два месеци или подолго кога биле на возраст помеѓу 20 и 39 години имале за 36% поголема веројатност да им биде  дијагностициран аденом или полип, во споредба со оние кои долгорочно не земале антибиотици кога  биле во 20-тите и 30-тите години од животот.

Жените пак кои земале антибиотици два месеци или подолго кога биле на возраст во 40-тите и 50-тите години од животот имале за 69 проценти поголем ризик во споредба со жените кои не земале антибиотици.

Оние кои земале антибиотици 15 дена или подолго на возраст помеѓу 20 и 39 години и на возраст помеѓу 40 и 59 години, имале за 73 проценти поголема веројатност да им биде дијагностициран аденом.

Ова индицира дека луѓето што земаат премногу антибиотици се изложени на поголем ризик од развој на полипи, од лицата кои користат помалку антибиотици.

Сепак, научниците истакнуваат дека  сите полипи не малигнизираат. Но, ако имате полипи или тенденција да создавате полипи, повеќе сте изложени на ризик од развој на рак.

Антибиотиците секако се клучни за третирање на бактериските инфекции, но пораката и од ова истражување е да се внимава со нивната употреба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail