bc9c1b35-f916-4c4e-8c7f-6f8bced4ada3.jpg

Денес во скопската зоолошка градина, беше предадена донацијата од ФОН Универзитет со која се изврши визуелна реконструкција на “мајмунарата” во зоолошката градина.

Во рамките на проектот за поттикнување на општествената одговорност “ Со слика до детска насмевка” студентите од втора година на Факултетот за дизајн и мултимедија изработија мурален приказ на еден од ѕидовите на мајмунарата , на која е прикажан биотопот на нејзините станари.

Ова е петти по ред мурал изработен под менторство на наставникот доц. м-р Милош Милосављевиќ. Оваа година во изработката на муралот учествуваше и проф. д-р Катерина Апостолска. До сега студентите изработија и донираа неколку мурали меѓу кои и во домот за деца без родители 11 октомври, детската онкологија во клиничкиот центар и детската клиника за белодробни заболувања во Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail