donald_trump_1546188991.jpg

Во книгата „Зошто сакаме и вие да бидете богати“, Доналд Трамп зборува за своите факултетски денови.

„Знам дека ова ќе ги изненади луѓето, но бев добар студент. Бев сериозен и посветен на годината која ја полагав. Слободното време го поминував проучувајќи ги недвижностите и проджаба на недвижности. Секогаш работев повеќе од што се бараше од мене. Мислам дека тоа е клучот на успехот. Не само финасиски, туку секаков успех. Ако направите тоа што треба за да поминете, ќе поминете. Но, затоа резултатите нема да бидат високи. Мора да направите она што другите не очекуваат од вас за да имате висок успех.

Имаше и други одлични студенти во мојата група, но не им одеше добро во животот. Понекогаш мислам дека премногу беа фокусирани на теоријата и дека го изгубија контактот со реалноста и по завршувањето на факултетот беа изненадени со што треба да се соочат. Мислам дека бев свесен од опасноста и тешкотиите кои човек може да ги научи во светот и затоа се трудев да ги следам интернационалните и националните случувања за да можам подготвен да излезам од образованието на улица каде што владее различна работна атмосфера.

Вие сами може да се успеете со вашите потенцијали и околностите во кои се наоѓате. Само секогаш се очекува да направите нешто повеќе од што е потребно. Тоа што сте подготвени да го направите можеби ќе го одреди правецот во кој ќе тргнете. Јас бев подготвен да работам повеќе часови без да очекувам пофалба. Се направив сам и верувам дека тоа е клучот на мојот успех“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail