Донесен новиот Закон за високо образование – Eве каде може да го прочитате

mon.jpg

Повик за ангажирање на 40 тутори за поддршка на учениците со попреченост запишани во редовни училишта

Со овој закон се уредуваат автономијата на Универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.

„Потребно е да се стави посебен фокус на контрола на квалитетот во високото образование, па затоа предвидовме посебно тело кое исклучително ќе се грижи за почитување на договорените стандарди и квалитетот на високото образование. Одборот за акредитација и евалуација онака како што е сега поставен не дава можност за да се посвети доволно внимание на процесот на евалуација, односно мерење на квалитетот, туку повеќе е фокусиран на процесот на акредитација. Предвидена е поделба на Одборот на две тела – посебно тело за евалуација на квалитетот на високото образование и посебно тело за акредитација. На тој начин се обезбедува и контрола на акредитираните програми, со цел да се утврди дали акредитираните институции го обезбедуваат квалитетот што тие го предвиделе“, рече меѓу другото во своето обраќање пред пратениците министерката за образование, Реаната Дескоска.

Нов начин на студентско организирање, нови институции кои ќе ги мерат квалитетот и работата на високообразовните институции, повеќе надлежности се враќаат во рацете на професорите, односно наставно-научните совети, а слабее моќта на деканите и на ректорите. Ова се само дел од промените што ги носи новиот закон.

Оргинален текст од законот тука

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail