saraevo.jpg

Сараево бизнис форум, една од водечките бизнис и инвестициски конференции во Југоисточна Европа која беше создадена како платформа за бизнис вмрежување со единствена цел на економскиот развој во регионот, и оваа година ќе биде одбележана со промоција на локални и регионални инвестициски проекти. Со цел да обезбеди уште посеопфатно и поефикасно бизнис вмрежување, организаторите на претстојната 9-та по ред  конференција отидоа и чекор понатаму и создадоа онлајн платформа посветена на промоција на компаниите и проектите и на поврзување на самите учесници, како пред одржување на настанот, така и во текот на самата конференција.

Сите оние што веќе се регистрирале како учесници во претстојниот Сараево бизнис форум, кој 25 и 26 април ќе се одржи во Сараево, преку новата веб страна http://www.sbf.talkb2b.net можат да креираат профил и да поднесат информации за својата компанија и за проектите кои сакаат да ги пријават, или пак да закажат бизнис состаноци со потенцијални инвеститори. Проектите можат да бидат номинирани од областа на  земјоделството, енергетиката, туризмот, недвижностите, инфраструктурата, ИТ индустријата, спортот и културата, финансиите, како и други индустрии, а сите дополнителни информации се достапни преку е-маил адресата projekti@sarajevobusinessforum.com.

„Сараевскиот бизнис форум е платформа која ги обединува инвеститорите и проектите. Токму поради тоа е важно проектите да бидат добро подготвени, заокружени и подготвени за  нивно разгледување. Рокот за поднесување на проектите преку онлајн платформата е 10-ти април 2018, а потоа ќе следи нивно разгледување и подготовка на ефективни презентации. Поднесителите на проектите претходно треба да бидат регистирани како учесници на форумот“, рече Неджад Гушиќ од одделот за финансиски менаџмент на ББИ банка.

“Еден од начини да се осигура мобилизирање на капиталот е изнаоѓање на стратешки партнер кој ќе биде подготвен да инвестира во некоја идеја или проект, без оглед на тоа дали се работи за етаблирана компанија која сака да го прошири својот капацитет или пак за start-up идеја. Со оваа платформа всушност создаваме подобри можности за квалитетно бизнис вмрежување“, додаде тој.

Бизнис делегации и претставници на компании од земјите од регионот, Западен Балкан, Турција, земјите од Заливот, Азија, па дури и од САД и Австралија, веќе го најавија своето учество на Сараево Бизнис Форум, што е одлична можност да се пронајдат вистинските инвеститори и инвестициски проекти.

„Инвеститорите кои го најавија своето учество на СБФ покажаа особен интерес во туризмот, недвижнините, производството, земјоделието и IT индустријата. Дрвната и металната индустрија ќе бидат исто така во фокусот. Затоа, ги повикуваме локалните заедници, агенциите за регионален развој, коморите и локалните и регионалните компании да поднесуваат проекти во овие области”, рече Гушиќ.

Регистрација на онлајн платформата може да се направи за само неколку минути, а сите пријавени ќе имаат можност да праќаат пораки и да споделуваат документи. Со помош на пребарувачот, корисниците ќе можат лесно да ги пронајдат учесниците на Форумот или пак инвеститорите кои се заинтересирани за проекти во нивната област. За целото времетраење на Форумот, корисниците на платформата ќе имаат и постојан пристап до нивниот личен распоред на состаноци, како и до извештаи од одржаните состаноци по завршувањето на 9-тиот Сараево бизнис форум.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail