Доживотен затвор за возачите кои со опасно возење или возење под дејство ќе предизвикаат сообраќајни несреќи со смртни последици

vest_alkohol-voznja.jpg

Владата на Велика Британија најави дека тековните измени на законите ќе одат во насока на воведување на доживотна казна затвор за возачите кои со опасно возење или возење под дејство ќе предизвикаат сообраќајни несреќи со смртни последици.

Максималната казна за несреќа со смртен исход – било да е предизвикана од возач поради пребрзо возење, возач кој се тркал, возач кој користел мобилен телефон, возач кој возел под дејство на алкохол и/или дрога и сл., ќе биде подигната од 14 години (колку што е сега) на доживотен затвор, пишува Independent. Со тоа ќе се изедначи со максималната казна за убиство од небрежност.

Во законот ќе се воведат и нови квалификации, ама сé уште не е одлучено која ќе биде максималната затворска казна за нив. Сепак, се работи и на казни за предизвикување сообраќајни несреќи со невнимателно возење, во кои има тешко повредени.

„Долго работевме на оваа измена на законот. Ги анализиравме најлошите случаи и најсериозните престапи, и сметаме дека сега е право време за воведување на доживотни затворски казни за оние кои со опасно возење убиваат луѓе на патиштата, особено додека се пијани или под дејство на дрога“, изјави британскиот министер за правосудство – Доминк Раб за Sky News.

Прочитајте и: Козметички брендови казнети зашто договарале цени
“Independent” navodi kako je 2016. godine 157 osoba osuđeno zbog izazivanja saobraćajne nesreće sa smrtnom posledicom. Međutim, ne navodi o kojim se kaznama radilo.

Лорејн Елевеј е само една од Британките кои ја плаќаат цената на нечие туѓо невнимателно возење. Нејзиниот сопруг бил убиен пред две години од пијан возач. Возачот е осуден на четири и пол години казна. Лорејн смета дека новите измени се добар потег.

„Доживотен затвор е казна на која мора да бидат осудувани возачите кои убиваат. Јас веќе не можам да одам на Нови години, да славам Божиќ, годишнини и родендени. А возачот кој го уби мојот сопруг наскоро ќе излезе на слобода и ќе може сето тоа да го прави со своето семејство. Тоа е ужасно неправедно“, коментира Лорејн за Sky News.

Потсетуваме, измените се однесуваат на максималната казна, а не наложуваат доживотен затвор за секој поединечен случај (алудираме на тоа „мора“ во изјавата на Британката). Сепак, јасно е зошто Лорејн звучи така безмилосно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail