urin.jpg

Пред да пуштите вода во ВЦ школката, добро би било да ја погледнете урината, бидејќи нејзината боја и мирис може да откријат дали сте болни, советуваат лекарите.

Возрасните луѓе дневно исфрлаат две до три литри мокрача, а точната количина не зависи само од тоа колку течност ќе испиете.

Нормалната боја на урината е жолта. „Колку помалку течности пиете, толку урината ќе биде пожолта“, вели урологот, д-р Даниела Шулц Лампел.

Но, можат да се појават и други бои кои можат да бидат безопасни, но, исто така укажуваат на болест. Мокрачата која постојано е темножолта е знак на пореметување во работата на црниот дроб или жолчката.

„Многу ретко урината може да биде зеленкаста“, вели д-р Шулц Лампел и појаснува дека таа боја укажува на бактериска инфекција. Зелена боја може да предизвикаат одредени лекови, како антидепресиви, додека пенливата урина е знак на пореметување на работата на бубрезите.

Бојата на мокрачата ја одредува и храната која ја јадете. На пример, боровницата може да ја обои виолетово. Луѓето често се плашат кога ќе видат црвеникава мокрача, а најчесто нема простор за паника.

„Ако јадете цвекло или многу малини, нормално е вашата урина одредено време да биде црвена“, вели урологот.

Но, ако има очигледна причина за црвена боја, тогаш веднаш посетете лекар, бидејќи крв во мокрачата исто така може да биде знак за сериозна болест. Слично е и со црната мокрача, која може да се појави поради тумор.

Покрај бојата, и мирисот на урината може многу да каже за вашето здравје.

„Свежата урина обично нема никаков мирис“, вели д-р Шулц Лампел, појаснувајќи дека одредени мириси не се појавуват сè додека бактериите не почнат да ја разградуваат урината. Сепак може да се појави повремена промена која често е безопасна.

„Тоа е поврзано со храната, на пример после консумирање шпагети, Б витамин, лук или некои лекови“, рекла докторката.

Урината која мириса на амонијак може да биде знак за уринарни инфекции, сладок и овошен мирис укажува на дијабетес, а ако мокрачата мириса на риба, особено кај жените, може да биде воспаление на мочните канали и мочниот меур или некоја полова болест.

Општо земено, се препорачува медицински преглед доколу бојата и мирисот на мокрачата се невообичаени повеќе од две или три последователни одења во тоалет.

„Тоа особено важи за случаевите кога ќе почувствувате болка, имате температура или мачнина“, вели д-р Шулц Лампел.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail