Дознале дека професорот спие во училиштето, па учениците го изненадиле (видео)

ucitel.png

Бруно Рафаел Паива не добил плата два месеци и бил принуден да спие во училиштето. Тој во видео на фејсбук објаснил дека ја менува колешката која е на породилно отсуство, но дека подати бирократија два месеци нема земено плата.

Кога учениците дознале, собрале 400 долари и го изненадиле со „плата“. Кога сфатил што се случува, учителот се расплакал.

„Не ми се верува, како можевте ова да го направите“, рекол тој кога ја отворил малата кутија во која учениците ги ставиле парите. Се завршило со групна прегратка.

„Имав многу одделнија кои ги сакав и сакав да им предавам, но ни едно не покажа толкава љубов, помош и грижа за мојата работа како ова“, напиша на фејсбук учителот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail