Драган „ГИ УБИВА“ кладилниците – Секој месец им зема по 1000 евра и тврди дека секој го може тоа

dragan-2.jpg

Најчестите грешки на луѓето кои играат спортска кладилница

„Обичните играчи сонуваат големи пари со мали уплати. Тоа едноставно не е можно и така наседнуваат на пропагандата на кладилницата, како некој некаде на 200 динари добил милиони. Тоа се долгорочни најпрофитабилни тикети за кладилниците, но не и за играчите“, наведува Драган кој додава дека за неколку години интезивно играње, дошол на црната листа на многу познати кладилници во Србија.
„Бидејќи имам константен профит, јас не сум пожелен играч. Кладилниците се штитат од добитници така што ги бркаат од себе. Моите налози се блокирани во голем број на европски и српски кладилници. Не се загрижувам премногу, сега играм на азиските кладилници. Ги менувам идентитетите, и се трудам да бидам под радарот. Во азиските кладилници се поголеми квотите, и кај нив нема проблем со уплатата.

„Кај нас според Законот за игра на среќа, член 18, кладилниците имаат право да одбијат физичка уплата, без образложение. Мене тоа ми се случувало постојано, испраќав други луѓе со склопен тикет, затоа што мене ме одбиваа. Тие во базата кога ќе видат, знаат дека сум тоа јас и само ме одбиваат. Но, како што реков, мене тоа не ме допираше“, објаснува Драган.

НБА „златна кока“
„НБА ми е омилна лига, а поените на играчите едни од најпрофитабилните игри на кладилницата. Многу е важно следењето на статистиката, формата на играчите, изјавите на тренерите, затоа што тоа има влијание на конечниот резултат. Играм со ладна глава, без стрес затоа што тоа е многу важно. А тимовите кои секогаш „ги почитувам“, се да речеме Бенфика, Вест Хем, Наполи, а од кошарката би ги издвоил Молвоки, Мемфилс и ЦСКА.

Драган долго планира да се занимава со оваа професија, затоа што мисли дека овој извор на приходи нема да пресуши. Тој дури и бесплатно ги обучува луѓето кои сакале од ова да заработуваат, а прво прашање кое си го поставиле е „Колку планирате да заработите од ова“.

„Штом одговорите, јас знам на што сум со нив. Почетниците кои веднаш очекуваат 1000 евра месечно се нереални и не ја сваќаат сериозноста на оваа работа“, вели тој додавајќи дека за почетот со озбилно занимвање со кладилница потребни се околу 3000 евра обрт на пари.

Драган го обиколил светот со пари од кладилниците, одел три пати годишно на летување, од минатата година е оженет со Кубанка а наскоро очекува и принова.

„Планираме во Србија да основаме семејство, а ќе видиме како во иднина ќе се развива Куба, па никогаш не се знае, може да се преселиме на овој карипски остров“, заклучува Драган Алексиќ.

Драган исто така е голем противник на покер, рулет и слот апаратите, смета дека луѓето се доволно памети да сватат дека нема никогаш да го надмудрат софтверот кој е програмиран така да им ги зема парите на луѓето.

„Ги советувам сите кои имаат проблем со овој вид на коцка, да побараат помош, а парите да ги вложат во паметни работи“, вели овој искусен кладилничар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail