planeta.jpg

Наместо посакуваното ограничување на температурата на ниво на 1,5 степени , научниците информираат дека зголемувањето во просек се ближи до 3 степени. Затоа , научниците предупредуваат дека зголемувањето на температурата на глобално ниво би можеле да остават забрзани и незапаметебни последици на сите општеств ени аспекти и тоа набргу.

На самиотот за глобалните кклиматски промени во Јужна Кореја е направен кус преглед на 33 страници на преговорите меѓу климатолозите , кои се обидуваат да ги презентираат податоците од своите истражувања и политичарите од друга страна , кои повеќе се загрижени за економијата и животните стандарди. Научниците предвидуваат дека има само 12 години да се исправат грешките и да се направи обид за намалување на просечната температура .

Доколку остане како сега , до 2030 , ќе го доживееме пречекорувањето од 1,5 степени , што може да доведе до вистинска катастрофа на човештвото и воопшто на животот на Земјата. За таа цел треба да се направат пет радикални чекори.

-Глобалната емисија на јаглерод диоксид да се намали за 45 проценти во однос на нивото во 2010.

-Обновливите извори на енергија треба да обезбедуваат 85 проценти од електричаната енергија во светот до 2050.

-Користењето на јаглен да се намали на нула

-Околу седум милиони квадратни километри земјиште (подрачје речиси колку Австралија) ќе мора да се користи за одгледување енергетски посеви

-Глобалната нето емисија би требало да биде на нула.

Ограничувањето на температурата на 1,5 степени би чинело 2,4 трилиони долари од 2016 до 2035 година. За некои овој износ е голем , но научниците тврдат дека тоа е мал дел од средствата што ќе се користат понатаму за чистење на загадувањето од јаглероден диоксид , доколку не се преземат никакви мерки .

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail