stranci.jpg

Драмски театар Скопје, на 5 март, (четврток) со претставата „Странци“ ќе учествува на Меѓународниот фестивал – РУТА (Регионална унија на театри) во Подгорица, соопштија од Драмски театар.

Фестивалот има за цел поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациона смисла. РУТА е составена од: МГЛ Љубљана, Словенија, Театарот Улисис, Загреб, Хрватска, Камерен театар 55, Сараево, Босна и Херцеговина, Градски театар Подгорица, Црна Гора, Драмски театар Скопје, Македонија, и Белградско драмско позориште, Србија.

Претставата „Странци“, со која ќе настапи Драмски театар е во режија на Нела Витошевиќ, а учествуваат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

извор: република

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail