DRÄXLMAIER доделува стипендии

Stipendii.jpg

DRÄXLMAIER доделува стипендии

Групацијата ДРЕКСЛМАЈЕР е глобална компанија со седиште во Вилсбибург, Германија. Од нејзиното основање во 1958 година компанијата работи на развој и производство на модерни електрични кабелски сетови, ексклузивни ентериери и електронски компоненти за моторни возила.
Групацијата ја основа ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија во 2012 година. Во фабриката во Кавадарци се произведува модерен електричен кабелски сет за клиент во премиум сегментот на автомобилската индустрија. Со над 5.000 вработени ДРЕКСЛМАЈЕР е најголем работодавач во земјата.

Услови за аплицирање:
 Запишана четврта година на студии
 Редовен студент
 Минимум просечна оценка 8
 Познавање на англиски јазик

Што нудиме:
 Месечна стипендија во износ од 10.000 денари
 Период на стипендирање во траење од 6 месеци
 Еден месец практикантски стаж за време на летниот распуст
 Менторски надзор на зададена проектна задача
 Обезбедени храна и превоз
 Можност за вработување

Начин на пријавување: испратете кратка биографија на: applications_macedonia@draexlmaier.de
со назнака – Стипендија. Рокот за аплицирање 01.02.2018

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top