Дрекслмајер отвори инфо центар во Велес

dreklamer.jpg

Велес е третиот град во кој по Прилеп и Кавадарци доби инфо канцеларија на Дрекслмајер. Канцеларијата беше отворена денеска, а таа претставува трет инфо центар во низата преку кој компанијата ќе биде подостапна и поприсутна за своите вработени, но и за потенцијалните кандидати.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Како што информираа од компанијата, тим од колеги ќе стои на располагање за сите прашања и ќе ги води заинтересираните низ процесот на аплицирање. Може да се конкурира за многубројни атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација, а Дрекслмајер им овозможува на нивните вработени одлични можности за кариера, професионален и личен развој во рамките на компанијата, бесплатни обуки и тренинзи и меѓународна размена на искуства во рамки на DRÄXLMAIER Group.

На отварањето на канцеларијата беа присутни и градоначалникот на Општина Велес, раководителот на Центарот за вработување Велес, како и здруженија со кои Дрекслмајер има успешна соработка.

– Драго ми е што денеска ја отвораме инфо канцеларијата во Велес, која иако последна – секако не е и помалку важна. Идејата е да бидеме подостапни за многуте наши вработени од Велес, но и за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ни се придружат“, истакна Лукас Мирингер генерален директор на Дракслмајер Македонија.

Тој се заблагодари и на Општина Велес и Центарот за вработување за досегашната успешна соработка.

Канцеларијата во Велес се наоѓа наспроти главната пошта и ќе работи секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Од компанијата истакнуваат дека вратите на инфо центарот се отворени за секој кој сака да дознае повеќе за компанијата.

Со над пет илјади вработени Дрекслмајер е еден од поголемите работодавачи во регионот, а вработените се најголема вредност за компанијата. Неколку илјади граѓани од Кавадарци, Велес, Прилеп и нивните околни места се дел од тимот на Дрекслмајер Македонија

Од компанијата потенцираат со цел да бидат поблиску до нив, но и до оние кои се заинтересирани да станат дел од семејството Дрекслмајер, компанијата отвори свои канцеларии во овие поголеми градови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top