Дрога 50 пати посилна од хероинот убива (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

droga.jpg

Скај њуз на социјалната мрежа Твитер објави вознемирувачка снимка која предупредува на смртоносната друга фентанил во Велика Брiтанија.

На снимката се гледа мало девојче, на возраст меѓу 2 и 3 години, како беспомошно се обидува да ја разбуди својата мајка, која паднала во несвест откако се предозирала со фентанил.

The drug that killed Prince – Fentanyl – is becoming a problem in the streets of Britain. Warning: Video starts with distressing footage

Фентанилот е дрога која се рашири низ САД, а сега стигна и во Велика Британија. Главно е забранета, но на пазарот постот слични лекови во слободна продажба. Поради оваа дрога, 50 пати посилна од хероинот, почина славниот музичар Принс, а поврзана е со околу 60 смртни случаи во Британија од јануари.

Мајка која го изгубила својот син поради фентанил ја раскажува својата потресна приказна: „Мојот поранешен сопруг отиде да го разбуди Роберт, а потоа ми се јави и ми кажа дека го нашол мртов во креветот. Дури по 8 или 9 недели дознавме за која дрога станува збор. Ни ние ни полицијата никогаш претходно немавме слушнато за неа“.

Британските власти соопштија дека се борат против сѐ пораширеното користење на фентанил.

„Видовме случаи во кои фентанило стигнал на пазарот, обично помешан со хероин, и смртни случаи поврзани со него или слични дроги. Од тогаш почнавме интензивно да дејствуваме за да го спречиме тоа“, вели Иан Кракстон од британската Национална агенција за криминал (НЦА).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail