Дронови ќе садат цели шуми директно од воздух

drone-forest2.jpg

Кога некој ќе ни спомне дронови најчесто помислуваме на дронови за правење селфи, на роботи за снимање видеа на туристички места итн. Но, за една група селани во Мјанмар дроновите прават многу побитна работа: садат цела шума директно од воздух.

Реставрирањето на еден оштетен екосистем одзема време, тешко е и може да трае повеќе години. Селаните од делтата на реката Иравади рачно саделе 2,7 милиони дрвја за ги повратат локалните шуми, но почнале да бараат полесни начини. Решението го нашле во BioCarbon Engineering, компанија која користи дронови за садење шwhi – дури 100.000 дрвја.

Со цел да посадат толку дрвја дроновите работат систематски – летаат на теренот за да ја мапираат топографијата и за изберат најдобро место за садење. Потоа над теренот лета втора тура дронови кои исфрлаат саксии со семиња на земјата врз основа на пресметките направени од претходните дронови.

Проектот за садење дрвја со дронови ќе почне во септември и ќе покрие околу 260 хектари со околу 1 милион нови дрвја. Досега селаните сами посадиле 750 хеткари. Доколку се оди според планот, BioCarbon Engineering ќе помогне да се посадат вкупно 1 милијарда дрвја.

Стартап компанијата соработува со непрофитната организација Worldview International Foundation, која управува со проекти за пошумување. Во Мјанмар дрвјата мангров се посебно битни затоа што обезбедуваат екосистем за рибите и ги штитат бреговите од бури.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail