Дронови ќе се користат како помагала при брза помош во Танзанија

A1EFB18F-748F-492F-9A36-4F50A2F29672_cx0_cy5_cw0_w987_r1_s_r1.jpg

Британската Влада ќе финансира проект за тестирање на дрон за испорака на крв и медицински помагала во Танзанија, со цел побрза и поефикасна достава на прва помош.

Канцеларијата за меѓународен развој на Велика Британија не соопшти детали околу финансискиот влог, ниту пак, за времетраењето на проектот. Дроновите ќе ги изработува фирма која веќе спроведува сличен проект во Руанда. Тестирањето е најавено за почетокот на 2017 година.

– Иновативниот, современ пристап ги ветува најдобрите резултати за најсиромашните луѓе во светот и им дава вредност на парите на британските даночни обврзници, рече портпаролката на Канцеларијата, Прити Прател.

Слични вакви пилот проекти се најавуваат и за во Непал и Малави.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top