Druzba-na-CPLIP-Poraka-SHtip-Bitola-Prilep-i-uchenicite-od-uchilishteto-za-oshteten-sluh-i-govor-Kocho-Racin-od-Bitola.jpg

Дружба на ЦПЛИП „Порака” Штип, Битола, Прилеп и учениците од училиштето за оштетен слух и говор „Кочо Рацин” од Битола

Денес Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“​ беше домаќин на заедничка дружба на ЦПЛИП „Порака” Штип, Битола, Прилеп и учениците од училиштето за оштетен слух и говор „Кочо Рацин” од Битола.

Во организација на настанот беше вклучено и здружението ,,Цивитас”, а самиот настан беше во два дела. Првиот дел беше организирана работилница од професорите и асистенти на нашиот универзитет, а вториот дел беше организирана изложба на Верче Андонова од дела во арапска техника која е член на здружението Порака Штип.

Исто така беа беа изложени и изработки од сите три клуба кои ги имаат изработувано на работилници преку целата година.

На настанот беа вклучени и студенти од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г .Р. Державин“ и професори и асистенти од истиот факултет.

Ова е прва ваква средба помеѓу корисниците на Порака од Штип, Битола и Прилеп и децата со оштетен слух и говор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail