Дрвена или пластична даска за сечење!?

Crveno-meso.jpg

Ова би требале да знаете пред да одберете нова даска за сечење – старата, наверојатно ќе ја фрлите од кога ќе го прочитате текстов.

Кога бираме “комлет” за сечење на храна, поголемо внимание посветуваме на ножевите, отколку на самата даска.
Сепак постојат неколку работи кои треба да се земат во предвид во врскa со даските за сечење.

Пластичните даски за сечење се помалку хигиенски од дрвените.

Истражувањата направени на универзитетот во Висконсин, докажаа дека на дрвените даски опасната бактерија салмонела не се размножува, додека на пластичните преживува и се размножува.

Се работи за тоа што дрвeните даски се порозни, така да бактериите “потонуваат” под површината, каде што не можат да се размножуваат и на крај умираат. На пластичните даски, бактериите се собираат на изгребаната површина и се размножуваат со голема брзина.

Но било која даска да ја користите, важно е да после секоја употреба темелно ја измиете и оставете добро да се исуши.

Менувајте ги штом ќе забележите пукнатини и гребнатинки или кога ќе почнат да ја менуваат бојата.

Имајте во предвид дека една не ви е доволна. Најдобро би било да имате најмалку две додека ја спремате храната. Едната за сировото месо, а другата за зеленчукот. Така ќе спречите ширење на бактерии од една намирница на друга.

Доколку немате две даски за сечење, прво исечето го зеленчукот а потоа сировото месо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail