Државен натпревар на средните технички училишта од Македонија

tehnicki-sredni.jpg

Во Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани денеска се одржа  36. Државен натпревар на средните технички училишта од електротехничката, машинската и сообраќајната струка во република Македонија.

На натпреварот учествуваа 140 ученици со околу 100 ментори – наставници од 22 училишта од Република Македонија коишто  се натпреваруваа во 13 профили во трите струки: електротехничка, машинска и сообраќајна струка и тоа во 9 профили во четиригодишното образование и во 4 профили во тригодишното образование.

На натпреварот беа претставени и 22 труда, односно изработки на ученици со поддршка од нивните ментори кои побудија голем интерес кај присутните на државниот натпревар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail