Државен студентски дом: Понудено сместување на студентите на кои им падна плафон од тоалетот

plafon.jpg

Државниот студентски дом изразува жалење за паѓањето на таваните во два тоалети во Студентскиот дом „Стив Наумов” вчера вечер, што предизвика дополнителна материјална штета на санитарната опрема во тоалетите. Во инцидентот немаше повредени, соопштуваат од Државен студентски дом „Скопје„ – Скопје, откако вчера плафон од тоалет им падна на студентите во домот ,,Стив Наумов”.

„Вработените од Студентскиот дом веднаш интервенираа, им понудија сместување на студентите чии соби беа оштетени и ја заменија оштетената санитарија. Од утрово ангажирани екипи веќе работат на санација на плафоните во двата тоалета и во текот на денот истите ќе бидат санирани и ставени во функција. Паднатиот плафон во студентскиот дом „Стив Наумов“ е последица од неквалитетната реконструкција на тоалетите во домот, што е уште еден од низата проблеми кои ги остави претходното раководство. Новото раководство на Државниот студентски дом ќе ја разгледа документацијата за извршената преадаптација на тоалетите во студентскиот дом „Стив Наумов“ односно ќе разгледа кој ја одобрил и на што се должи нискиот квалитет со кој е изведена“, истакнуваат од Државниот студентски дом и најавуваат дека со помош на Германската влада, ќе се врши реконструкција на сите студентски домови, а за оваа намена, Министерството за образование и наука веќе има издвоено 30 милиони денари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail