Дуално образование по германски терк во средното училиште „Михајло Пупин“

kabinettt.jpg

Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје доби вредна донација. Нов кабинет што овозможува реализација на програмата за дуално образование според германски терк…

Наша амбиција е да го завртиме тркалото на образование, да го приближиме во насока на креирање образовен систем којшто пред сѐ треба да мотивира, селектира и на крај да генерира квалитет а тоа го правиме токму со проектот 20 – 20 – 20 рече директорот на средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, Ефтим Пејовски.

„Ако сакате да бидете пилот многу малку е веројатно дека некој ќе ви даде авион да го пробате. Потребно е да одите на училиште да учите и по една година ќе бидете поканети на симулаторот на летови, а дури по две до три години ќе добиете вистински лет во вистински авион. Тоа е професионализам. Ова е она што го направивме тука, не може да бидете електромонтер и да одите веднаш уште првиот ден на терен“, им порача на учениците претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

За министерката за образование Десковска, ова е модел кој треба да го следат и други компании во земјава.

Проектот 20- 20- 20 ги следи принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука што долги години е успешна приказна во Австрија, Германија и Швајцарија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail