Дубаи го гради првиот ротирачки облакодер во светот (видео)

rotating-skyscraper3-e1487250172332.jpg

Иднината веќе е тука, а има многу докази за тоа. Последниот ни доаѓа од Обединетите Арапски Емирати. Иновативниот град Дубаи планира искуството во 360 степени да го однесе многу подалеку од видеата – до 2020 година треба да е готов првиот ротирачки облакодер во светот

Зградата наречена Dynamic Tower беше предложена уште во 2008 година од страна на израелксо-италијанскиот архитект Дејвид Фишер. Ќе има вкупно 80 ротирачки катови кои ќе бидат така дизајнирани да изгледа како постојано да се движат. Секој дел ќе биде изработен одделно и потоа ќе бидат составувани на централната оска.

Секој кат ќе се ротира за 360 степени и ќе се движи независно од другите, па жителите ќе можат да ја контролираат брзината или да го запрат движењето со гласовни команди. Ќе може и да го програмираат својот дом цел ден да се движи паралелно со движењето на сонцето. Турбини на ветер лоцирани меѓу катовите ќе ја обезбедуваат струјата за зградата. Секој стан во оваа футуристичка зграда ќе чини „само“ 30 милиони долари.

Погледнете како ќе изгледа

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail