Дубаи ќе воведе самовозечки дронови за превоз на патници

dubai.jpg

Доколку планирате годинава да го посетите Дубаи, тогаш ќе можете да ја добиете можноста да го видите новиот тип на превозно средство – самовозечкиот патнички дрон.

Шефот на Агенцијата за патишта и транспорт во Дубаи, Матар Ал Таџер го најави планот за воведување на услугата за превоз на патници со дронови.

Дронот ќе превезува само едно лице, а првите летови се очекуваат веќе во јули.

-Ова не е единствениот модел. Ние веќе направивме експерименти, летавме на небото над Дубаи, изјави Ал Таџер при претставувањето на патничкиот самовозен дрон.

Електричниот дрон „EHang 184“ е направен во Кина, а порано бил претставен на саемот на летала „Consumer Electronics Show“. Пробните летови биле направени и во Лас Вегас, минатото лето. Дронот тежи 227 килограми и може да носи патници тешки до 100 килограми, како и мала торба сместена во посебен оддел.

Дронот „EHang 184“ може да лета 50 километри со едно полнење на батеријата, а неговата максимална брзина изнесува 100 километри на час.

Контролата на дронот ја изведе Агенцијата за цивилна авијација во Дубаи, а се контролира по пат на 4Г мобилен интернет.

Компанијата „Ербас“, исто така, има планови за патнички дрон, а се зборува дека слични планови имаат и „Убер“ и „Гугл“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail