Дуња Иванова ќе изведе пијано маратон на плоштад

duna-ivanova.jpg

Пијанистката Дуња Иванова на 16 април на плоштадот „Македонија“ ќе изведе пијано маратон насловен „Наминување“. Концертот ќе трае три часа, а слушатели ќе бидат случајните минувачи.

Наспроти конвенционалниот начин на следење концерти кои бараат посебна подготовка, планирање, концертна сала, настапот на Иванова ќе биде наменет за сите оние кои во понеделник ќе наминат на плоштад „Македонија“..

– Идејата за ваква форма на прем на современиот звук за пијано е квалитетната музика да ги пресретне слушателите кога тие се неподготвени за неа.

Пијанистката ќе изведе дела на истакнати со Еинауди, Прајснер, Ливингстон, Бернштајн, Еванс, Битлси и Коен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top