magazin.jpg

Дури 700 илјади луѓе на годишно ниво во светот умираат од инфекции предизвикани од бактерии отпорни на антибиотици. Само во Европа околу 33 илјади лица умираат од оваа инфекција, а проблемот не ја надминува ниту нашата држава. Тоа значи дека не сме во зелената фаза, туку влеговме во портокаловата фаза на картата на Европа, како држава во која се зголемува бројот на заболени од инфекција.

Ова денеска го истакна Голубинка Бошевска, национален координатор за антимикробна резистенција, на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици, во организација на Мултисекторската комисија за контрола на антимикробна резистенција при Министерството за здравство во Скопје.

Како што појасни Бошевска, и во Европа, но и во нашата земја, се зголемува отпорноста на клепсиелата, бактерија која што е мултирезистентна, а бактериите стануваат отпорни и кон последните генерации на антибиотици, како што се карбопенемите.

-Се работи за голем светски проблем при тоа повеќе од 700 илјади луѓе на годишно ниво во светот умираат од инфекции предизвикани од мултирезистентни микроорганизми и бактерии, односно бактерии отпорни на голем број на антибиотици. Согласно последните бројки кои што ги имаме и евиднеција и анализите на резултатите од следењето на антимикробната резистенција во 2018 година, станува збор за високи стапки на резистентност, односно отпорност на бактериите кои што предизвикуваат инфекции и во нашата држава, рече Бошевска.

Таа апелира до населението да внимава и да ги превенира инфекциите. Превенцијата на инфекциите, како што истакна, се прави во најголема мерка со примена на добри хигиенски практики во нашето секојдневно живеење.

Хигиената на рацете и хигиена при подготвувањето на исхраната, преземањето на мерки за безбедни сексуални односи, превенцијата во делот на вакцинацијата и примањето редовно на вакцини кои се во календарот на вакцинација, хигиената при одгледувањето на домашни миленици, според Бошевска, апсолутно ќе овозможи намалување на инфекциите и намалување на употребата на антибиотици. Додаде и дека исто така не треба да правиме притисок на докторите да ни препишат антибиотик.

-Да не користиме антибиотик од некоја претходна инфекција која сме ја имале, и дома ни заостанале антиотици. Послушајте ги вашите доктори и користете само тогаш кога е потребно да се употреби, кога со микробиолошка анализа е докажана бактериската инфекција, рече Бошевска.

Појасни дека горнораспираторните инфекции кои што се најчести особено во овој период на годината се воклавно предизвикани од вирусни инфекции и за таквите инфекции не е потребно да се користат антибиотици туку постојат други методи со кои ќе си ги олесниме симптомите.

-Доколку биде употребен и препорачан антибиотикот од вашиот доктор, во тој случај потребно е да се примени антибиотикот правилно. Во онаа доза и во оној временски интервал во кој што е препорачан антибиотикот. Иднината на антибиотиците е во сите нас, и сите ние носиме заедничка одговорност, порача Бошовска.

Кристина Ристова од Фондот за здравствено осигурување, на денешното излагање информира дека според податоците од Фондот, трендот на издавање на лекови во 2018 година е намален за 2 отсто.

-Имаме за 2 отсто помал број на рецепти и тој изнесува 1,75 милион рецепти годишно реализирани за антибиотици на товар на Фондот. Ова не треба толку да не радува, бидејќи кога ја гледаме структурата внатре во самите групи и подгрупи на антибиотици, во однос на потрошувачката, констатираме дека има големо покачување на бројот на реализирани рецепти. Најмалку 17 лица од вкупно илјада користеле антибиотик секој ден во текот на годината, информира Ристова.

Извор: емгазин

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail