Две бебиња излечени од рак по третман со едитирање на гени

vest_1_rak_11.jpg

Канцерот продолжува да е една од поголемите болести кои го мачат човештвото. Низ светот, 1 во 6 смртни случаи се поради канцер, а причината за тоа е непостоење на универзален лек за сите форми на болеста.

Иако се на располагање разни третмани, секој вид на канцер генерално побарува специфичен третман.

Нов метод развиен од доктори во Great Ormond Street болницата во Лондон презентира надежно решение. Тимот доктори успешно го тестирал кај две новороденчиња со агресивна форма на леукемија и тие 16 и 18 месеци подоцна се сè уште без канцер.

Тимот комбинирал нова но ветувачка клеточна терапија наречена химерична антигенска рецептор Т клетка (CAR T) со техника за едитирање на гени наречена TALENS. CAR T го користи имунолошкиот систем на пациентот да се бори против канцерот, додека втората овозможува директна манипулација на гените на пациентот.

Во CAR T терапијата, специјализираните имунолошки клетки (Т-клетки) се земаат од крвта на пациентот и им се даваат специјални рецептори на површината наречени CAR. Штом се спремни, CAR T клетките повторно се враќаат во крвта на пациентот, каде што се закачуваат на туморите и ги уништуваат. Клиничките тестови ја демонстрирале ефективноста на оваа терапија, и таа функционирала добро со канцерите поврзани со крвта во претходни студии.

Сепак, бидејќи секој сет на Т-клетки мора да биде прилагоден на секој поединечен пациент, се работи за мачен и скап процес. Едитирањето на гени, пак, значително би го олеснило развивањето на универзални т-клетки, па така докторите во студијата направиле 4 генетски промени на т-клетките од донорите.

Пред примањето на новиот третман и на двете новороденчиња им била дадена хемотерапија и им биле трансплантирани матични клетки, па поради тоа докторите не се целосно сигурни дали токму новиот третман е заслужен за ремисијата на болеста, или за тоа е заслужна комбинацијата од сите третмани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail