Две премиери на битолскиот театар на почетокот на наредната година

2016-12-27-11.01.44.jpg

SAMSUNG

Претставата „За смислата на животот“ од израелецот Иддо Нетанјаху во режија на Благој Мицевски и претставата „Грилпарцер во секс-шоп“ од австриецот Питер Турини во режија на Јован Ристовски се двете нови претстави кои ги подготвува Народниот театар Битола.

Премиерните изведби за двете претстави се закажани за февруари и март идната година.

Во претставата „За смислата на животот“ ќе настапат актерите Соња Михајлова, Петар Горко, Васко Мавровски, Борче Ѓаковски, Иван Јерчиќ и Сандра Грибовска, додека во претставата „Грилпарцер во секс-шоп“ ќе настапат Елена Моше и Александар Копања.

НУ Народен театар-Битола во текот на 2016 година изведе 9 премиери и одигра 203 претстави.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top